Достапни линкови

Првиот руски чартер авион слета во Турција


Првиот руски чартер авион со туристи слета во турскиот туристички центар Анталија по осум месечниот прекин поради дипломатската криза.

Авионот на Русија ерлајнс слета рано утринава откако рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец ги тргна рестрикциите за туристички посети на Турција. Русија им забрани на туристичките агенции да продаваат аранжмани во Турција откако Анкара сруши руски воен авион во ноември минатата година во близина на сириската граница.

На 30 јуни Путин даде зелено светло за обнова на летовите, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати писмо до лидерите во Москва со извинување за соборувањето на авионот.

XS
SM
MD
LG