Достапни линкови

logo-print

Приведени поранешни припадници на ИСИС во Скопје и Тетово


Утрово во акција се уапсени три лица од Скопје и едно од Тетово, поранешни припадници на ИСИС, а уште три лица се недостапни на органите на прогонот, јавува МИА.

Како што се наведува на интернет страницата на Јавното обвинителство на Република Македонија надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел наредба за спроведување на истрага за седум лица – припадници на ИСИС. На осомничените им се става на товар кривичното дело – терористичка организација од Кривичниот законик.

"Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител до судијата на предходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје предложи на осомничените да им се определи мерка – притвор" се наведува во соопштението од обвинителството.

XS
SM
MD
LG