Достапни линкови

logo-print

Обама се враќа од Европа за да го посети Далас


Американскиот претседател Барак Обама ќе го прекине својот престој во Европа, за да го посети Далас, каде што пет полицајци беа убиени од вооружен човек кој рече дека сакал да убива бели луѓе.
Обама требаше денеска да замине во Шпанија откако ќе заврши НАТО самитот во Варшава, но ќе ги прекине планираните активности за да допатува во Далас во почетокот на идната недела, соопшти Белата куќа. Обама претходно нападот го нарече одвратен.

Според истрагата убиецот е американски воен резервист кој претходно бил на задача во Авганистан и имал оружје, муниција и материјали за подготовка на бомби во неговиот дом. Високи американски претставници изјавија дека напаѓачот за време на преговорите со полицијата рекол дека дејствувал сам, а цел на неговите напади биле белци поради тоа што бил вознемирен од пукањето на полицијата во црни луѓе.

Додека полицијата почетно имаше неколку осомничени, сега како што се јавува, постојат изгледи дека најверојатно зад нападот во кој загинаа пет луѓе, а девет други беа повредени стои армискиот резервист кој подоцна беше убиен.

Инцидентот се случи пред два дена за време на протестите по убивањето на двајца Aфроамериканци од страна на полицајци.

XS
SM
MD
LG