Достапни линкови

logo-print

Германија- Иран се обидува да дојде до нуклеарна технологија


Германија обвини дека конзервативните сили во Иран се уште се чини дека се обидуваат да дојдат до нуклеарна технологија, веројатно за да го поткопаат нуклеарниот договор на Техеран со западните сили.

Германската разузнавачка служба во годишниот извештај објавен вчера наведува дека постојаните обиди од Иран нелегално да дојдат до нуклерна технологија во Германија продолжуваат на “високо ниво” и во 2015 година. Одделни извештаи од разузнавачките служби од Северна Рајна Вестфалија наведуваат дека биле регистрирани 141 обид за нелегално доаѓање до нуклеарна технологија минатата година, а две-третини од тие обиди се поврзуваат со Иран.

Коментирајќи ги ваквите извештаи, портпаролот на министерството за надворешни работи Мартин Шаефер, рече дека обидите од Иран можеби доаѓаат од сили кои се против договорот на Техеран со западните сили. Според тој договор Иран може да презема само нукеларни активност за мировни цели, а за возврат на тоа западните сили ги тргнаа санкциите кон земјата.

XS
SM
MD
LG