Достапни линкови

Откази за безбедносните власти по нападите во Багдад


Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади отпушти тројца високи претставници на безбедносните служби, по серијата смртоносни напади во Багдад.Тој им даде отказ на шефот на Командата за безбедност во Багдад, шефот на разузнавачките служби и шефот на Канцеларијата за национална безбедност. Потегот уследи по последниот бомбашки напад во кој загинаа најмалку 37 луѓе, а повеќе од 60 се повредени во шиитски храм во град северно од Багдад. На овој напад му претходеше бомбашкиот напад на 3 јули, при што загинаа најмалку 292 лица, а повеќе од 200 се повредени.

XS
SM
MD
LG