Достапни линкови

logo-print

Обама бара Полска да ја зајакне демократијата


Полска треба да ја зајакне демократијата, рече американскиот претседател Барак Обама за време на посетата на Варшава каде се одржува Самитот на НАТО. Тој изрази загриженост за одредени акции и за ќор сокакот околу Уставниот суд во земјата. Обама вели дека владејачката партија презела одредени чекори кои ја намалуваат загриженоста на САД и на Европа, но дека има уште многу области на кои треба да се работи. Останува да се работи на владеењето на правото, независното судство и слободата на печатот, рече Обама. Тој зборуваше на отворањето на Самитот заедно со полскиот претседател Андржеј Дуда. Тој не одговори на забелешките на Обама.

XS
SM
MD
LG