Достапни линкови

За власта еврообврзницата е реакција на политичката криза


Еврообврзницата се издава како реакција на политичката криза која СДСМ во етапи ја прави за да се спаси од политички пораз на избори, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на опозициската СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, издавањето на еврообврзницата од 650 милиони евра е внесување свеж капитал во земјата кој ќе го гарантира нормалниот тек на економијата во услови на криза која СДСМ сака да ја продлабочи.

СДСМ оценува дека со издавањето на еврообврзницата од 650 милиони евра, власта намерно бега од ИПА фондовите и достапните европски пари за да може парите да ги троши без контрола.

XS
SM
MD
LG