Достапни линкови

Балканската бегалска рута се уште функционира


Српските власти денеска соопштија дека мигранти и натаму продолжуваат да се движат низ затворената балканска бегалска рута, нагласувајќи дека од почетокот на годинава биле регистрирани над 102 илјади мигранти кои минале низ територијата на Србија.

За разлика од лани кога низ Србија минаа над 600 илјади мигранти, годинава нивниот број е намален, но и покрај затворањето на балканската бегалска рута во март годинава, низ територијата на земјата во првите шест месеци од 2016 година минале 102 илјадибегалци, рече српскиот министер за социјални прашања Александар Вулин при денешната посета на Центарот за прием на бегалци во Прешево, во близина на српско-македонската граница.

„Тоа значи дека балканската бегалска рута се уште функционира“, рече Вулин.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ рече дека последниве недели е регистиран зголемен прилив на мигранти низ Србија, при што тие најчесто доѓаат од територијата на Бугарија.

XS
SM
MD
LG