Достапни линкови

logo-print

Напаѓачот во Далас сакал да убива бели луѓе


Вооружениот напаѓач кој беше убиен во престрелка со полицијата во американскиот град Далас рекол дека „сака да убие бели луѓе, особено бели полицајци“, соопшти полицијата. Шефот на полицијата на Далас, Дејвид Браун, денеска рече дека убиениот им рекол на преговарачите дека е вознемирен од полициските убиства на црнци и дека делува сам. Петмина полицајци беа убиени, а седуммина други ранети во снајперски напад доцна синоќа во Далас во сојузната американска држава Тексас. Претседателот Барак Обама го оцени нападот како одвратен. Полицијата соопшти дека најмалку двајца снајперисти отвориле оган од заседа врз полицијата. Тројца луѓе се уапсени, а четвртиот напаѓач бил убиен. Убиствата на полицајците се случија откако полицијата застрела двајца црнци на други места во САД.

XS
SM
MD
LG