Достапни линкови

Путин, Оланд и Меркел телефонски за источна Украина


Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот француски колега Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел дискутирале за кризата во Украина, велејќи дека е потребно политичко решение за ставање крај на конфликтот. Тие денеска телефонски разговарале и изразиле загриженост за честите прекини на примирјето. Путин побарал од своите колеги поактивно да влијаат на украинската страна. Лидерите ја истакнале потребата источниот дел од Украина да се стекне со посебен правен статус. Да се спроведат реформи и да се одржат избори.

XS
SM
MD
LG