Достапни линкови

Над 96 илјади деца бегалци без придружба побарале азил во ЕУ


Речиси 96 илјади деца бегалци и мигранти кои без родители патувале минатата година до Европа побарале азил во ЕУ, што е речиси четирипати повеќе во споредба со 2014, сопштуваат од Унијата.

Повеќе од половината малолетници кои патувале сами се од Авганистан, потоа следуваат од Сирија и од Еритреја, соопшти Агенцијата на ЕУ за азил. Повеќе од еден милион луѓе кои бегаат од кризните региони на Блискиот Исток, Африка и Азија стигнаа до ЕУ минатата година.

XS
SM
MD
LG