Достапни линкови

logo-print

Апелација - нема изземање на Поп - Стефанија од Тврдина


Апелација го поттврди решението на Кривичниот суд според кое судијката Александра Поп - Стефанија не се иззема од случајот Тврдина. Апелационен суд постапуваше по барање на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), но барањето го отфрли како неосновано. СЈО првин од Основниот суд побара таа да биде изземена, но тоа беше одбиен, по што се пожали до повисок суд.

Во дел од медиумите тогаш беше објавено дека причинaта за барањето за изземање е конфликт на интереси, односно дека сопругот на судијката бил вработен во општински комитет на ВМРО ДПМНЕ во Неготино.

Првоосомничен во случајот Тврдина е Горан Грујевски, началник во Петтата управа во Министерство за внатрешни работи, а поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е трето осомничена. Во предметот Тврдина осомничените се товарат за уништување на опремата за прислушување.

XS
SM
MD
LG