Достапни линкови

Обама: Нема оправдување за пукањето во Далас


Нападот врз полицајците во Далас е пресметан и одвратен чин за што не е можно оправдување, рече американскиот претседател Барак Обама, кој е во Варшава на Самитот на НАТО. Пет полицајци беа убиени во Далас, а шест повредени кога кон нив бил отворен снајперски оган за време на протестите по убивањето на двајца Aфроамериканци од страна на полицајци.

Полицијата соопшти дека тројца луѓе се во притвор, а четвртиот осомничен разменувал оган со полицајците. Медиумите јавуваат дека тој се самоубил, а полицијата допрва треба да ја потврди неговата смрт.

XS
SM
MD
LG