Достапни линкови

Објавена снимка со инцидент со дипломат на САД во Москва


Руската државна телевизија НТВ објави снимка за која тврди дека е од инцидент меѓу, како што е наведено, американски шпион и руски полицаец на влезот на американската амбасада во Москва. Весникот „Вашингтон пост“ кон крајот на минатиот месец објави дека руски стражар пред амбасадата тепал еден американски дипломат. НТВ не наведува од каде ја добила снимката на која се гледа како едно такси возило запира пред споредниот влез во амбасадата и дипломат кој оди кон вратата. Во тој момент од стражарската куќичка излегува униформирано лице кој дипломатот го соборува на земја. Руското министерство за надворешни работи вели дека човекот бил таен агент на ЦИА кој се враќал од разузнавачка мисија. Рускиот стражар, како што се додава, постапил правилно кога сакал да го идентификува лицето. Стејт департментот објави дека станува збор за акредитиран американски дипломат.

XS
SM
MD
LG