Достапни линкови

Бејли - САД ја помагаат, не ја дестабилизираат Македонија


Апсурдни се приказните дека САД се мешаат во домашните работи на Македонија и преземаат акции за дестабилизација на земјата, наведува американскиот амбасадор Џес Бејли во писмена изјава објавена на социјалната мрежа Фејсбук. Тој вели дека американската амбасадата во Скопје во овие теории на заговор објавени во некои медиуми ја препознава апсурдноста на ваквите приказни. Бејли вели дека САД даваат голема финансиска помош на Македонија, а го поддржува и владеењето на правото во земјата, а посебно значење му се дава на Специјалното јавно обвинителство. Бејли напоменува дека САД помагаат и на македонскиот судски систем, Јавниот обвинител и на полицијата од независноста на Македонија.

„Овој ангажман е одраз на нашата длабока посветеност на владеењето на правото за да им помогнеме на луѓето во Македонија да се реши актуелната криза, да се развијат силни демократски институции и да се тргне напред кон членство во Европската Унија и во НАТО. Таа посветеност останува цврста“, пишуваБејли.

XS
SM
MD
LG