Достапни линкови

Во Германија уапсен човек кој шпионирал за Иран


Германските власти уапсиле Пакистанец осомничен дека е шпион за Иран. Германското обвинителство денеска соопшти дека е уапсен 31-годишен човек во градот Бремен кој бил во контакти со разузнавачките служби на Иран. Тој е осомничен дека го шпионирал поранешниот претседател на германско-израелското друштво, организација која ги промовира односите меѓу двете земји, како и негови блиски луѓе. На уапсениот му е одреден притвор.

XS
SM
MD
LG