Достапни линкови

СДСМ - недомаќински се управува со јавните финансии


Пратеничката група на СДСМ денеска, откако почна собраниската расправа за ребалансот на годинашниот Буџет, изрази незадоволство од, како што велат, недомаќинското и неодговорно управување со јавните финансии на Македонија.

„За нас е неприфатливо и неразбирливо со ребалансот да се зголемува дефицитот за нови 36 милиони евра и за 2016 година да изнесува неверојатни 344 милиони евра што е втор најголем дефицит на буџетот во изминатите 25 години, а во исто време да се кратат капиталните расходи за 45 милиони евра. Сакаме јавно да прашаме за што го зголемувате буџетскиот дефицит, изјави пратеникот Марјанчо Николов во Собранието на Република Македонија.

На изјавата на Николов реагираа од Министерството за финансии, според кои, ребаланс на буџетот се прави за да се усогласат приходната и расходната страна со проекциите за раст на економијата.Според Министерството политичката криза која продолжи годинава, влијаеше на намалување на приватната потрошувачка, а фирмите и банките станаа попрудентни во однос на финансирање на нови инвестиции. Тоа се одрази на приходната страна, а кризата влијаела и на расходната страна на Буџетот.

XS
SM
MD
LG