Достапни линкови

logo-print

Се зголемува бројот на жртви од нападот во Багдад


Се зголемува бројот на жртви од бомбашкиот напад во Багдад и по пет дена од експлозијата. Денеска Министерството за здравство соопшти дека биланстот на жртви од експлозијата на 3 јули порасна на 281 човек. Првичните извештаи беа дека загинале 250 луѓе. Бомбашкиот напад се случи во трговски центар додека луѓе пазарувале за празникот Рамазан Бајрам. Одговорноста за нападот ја презеде екстремистичката организација Исламска држава која контролира дел од Ирак.

XS
SM
MD
LG