Достапни линкови

logo-print

По средбата во Пржино - благ напредок или нема напредок


Партиите со различни ставови за исходот од денешната средба на потписниците на Договорот од Пржино. Од ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ изјавија дека е постигнат благ напредок, но според СДСМ нема прогрес во преговарачкиот процес. На средбата во резиденцијата на ЕУ во Пржино присуствувале и амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав. Се разговарало за прочистување на Избирачкиот список и за реформите во медиумите. Никола Тодоров, претставник на ВМРО-ДПМНЕ рече дека има благо доближување на ставовите. ВМРО-ДПМНЕ, според него, нема да дозволи парламентарните избори по третпат да бидат одложени, а партијата, како што кажа е секогаш подготвена за компромис.Артан Груби од ДУИ е оптимист и се надева дека со конструктивен пристап наскоро ќе има договор. Претставниците на СДСМ и на ДПА, Рената Дескоска и Имер Алиу, како и двајцата амбасадори, Аиво Орав и Џес Бејли, не дадоа изјави за медиумите. СДСМ објави соопштение во кое е наведено дека на денешната рунда преговори не е постигнат напредок.

XS
SM
MD
LG