Достапни линкови

Санкциите кон Русија остануваат ако не го почитува Минск


Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека санкциите против Русија за нејзината акција во Украина ќе останат на сила, се додека Москва не ги исполни своите обврски произлезени од договорот во Минск. Кери денеска во Киев се сретна со украинскиот претседател Петро Порошенко, а најави и дополнителни 23 милиони долари американска помош за земјата.

Кери вели дека без да се постигне вистинска безбедност во Донбас, без да се стави крај на крвопролевањето и да се запре со употребата на тешко оружје, договорот од Минск е осуден на пропаст.

XS
SM
MD
LG