Достапни линкови

Изгаснат пожар во петрохемиска фабрика во Иран


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Пожарникарите го изгаснаа пожарот кој зафати петрохемиска фабрика во Иран во регион богат со нафта, јавуваат иранските новински агенции. На пожарникарите им требало неколку часа да го изгаснат пожарот кој започнал синоќа. Иранските власти велат дека немало жртви во пожарот, најавувајќи дека наскоро ќе бидат познати причините за пожарот и степенот на штетата. Фабриката која изгоре е отворена во 1998 и е поврзана со Националната петрохемиска компанија која е во државна сопственост.

XS
SM
MD
LG