Достапни линкови

Гани ја поздрави одлуката на Обама за војниците


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја поздрави американската одлука да го забават повлекувањето на своите војници од Авганистан. Во денешното соопштение Гани наведува дека САД одиграле важна улога и се силен и сигурен партнер во војната против тероризмот. Американскиот претседател Барак Обама вчера соопшти дека во Авганистан ќе останат 8.400 војници и по завршувањето на мандатот на неговата администрација. Обама претходно планираше од вкупно 9.400 војници до крајот на 2016 да останат само 5.500.

XS
SM
MD
LG