Достапни линкови

Кери се среќава со украинските власти во Киев


Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Киев, каде се очекува со домаќините да разговара за ставање крај на кризата во источна Украина. Посетата на Киев доаѓа пред почетокот на Самитот на НАТО во Варшава. Украинскиот претседател Петро Порошенко ќе учествува на Самитот на Алијансата и се надева на безбедносна помош и поддршка. Украинските власти велат дека со Кери ќе разговараат за глобалната безбедност и за соработката на Украина со НАТО. Претходно Кери ја посети Грузија, каде со тамошните власти потпишаа нов договор за воена соработка.

XS
SM
MD
LG