Достапни линкови

Инвазијата врз Ирак и тероризмот во светот


Реакции во Ирак по британскиот извештај
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00

Реакции во Ирак по британскиот извештај

Британскиот извештај за војната во Ирак објавен вчера силно го критикува екс премиерот Тони Блер, како и неговата влада, оценувајќи дека ја втурнале земјата во војна врз основа на недоволни разузнавачки информации. Извештајот наиде на разни мислења во Ирак со забелешка дека тој не може да ја смени тешката ситуација во земјата.

Долгоочекуваниот извештај од истрагата, исто така потенцира дека Британија им се приклучи на Соединетите Држави кои ја предводеа инвазијата врз Ирак во 2003 година, без да ги исрпи сите мирно опции и оти правната основа за воена акција не била на задоволително ниво.

Во ирачкиот град Басра, луѓето имаат различни реакции на наодите на истрагата.

Али Калаф, политички аналитичар, смета дека одлуката на Британија за инвазија врз Ирак била „целосно погрешна и лоша за локалното население“.

„Британците дојдоа да не уништат“, вели Емад Кадем Хамид, жител на Басра за агенцијата Ројтерс.

Има и такви кои сметаат дека британското вклучување било добро.

„Британските сили беа во можност да им дадат голема поддршка на цивилите во Басра преку медиумите, услугите и обуката на безбедносните сили“, вели Али Хаким, универзитетски професор, кој изразува жалење за тајмингот на нивното напуштање за што ги обвинува политичарите.

Инвазијата врз Ирак, според Салех Мултаг, шеф на ирачкиот Фронт за национален дијалог, доведе Ирак, но и целиот свет да плати висока цена.

„Британија во овој случај реши да ги следи САД и поранешниот британски премиер Тони Блер не требаше да го стори тоа на таков начин. Ова доведе Ирачаните да плаќаат висока и голема цена досега. Со тоа и целиот свет е вовлечен да плаќа висока цена и во иднина“, вели Мултаг.

Според него, резултатот од инвазијата придонесе за зголемување на терористичките закани во светот, бидејќи Ирак ослабе што пак, предизвика ослабување и на другите арапски земји.

Тој оценува дека сегашната ирачка влада нема можност да покрене постапка против Британија, но оти има право да го стори тоа во иднина. Ирак до денешен ден се наоѓа во хаос.

Милитантите на Исламската држава контролираат големи области на земјата, а минатата сабота во самобиствен напад извршен со автомобил бомба во Багдад загинаа 250 луѓе.

Тоа беше најкрвавиот самобиствен напад во Ирак откако коалицијата предводена од Соединетите Држави го собори режимот на диктаторот Садам Хусеин.

Поранешниот британски премиер Тон Блер, по објавувањето на извештајот на комисијата изрази жалење.

Објавувањето на извештајот неколку пати беше одложувано, делумно и поради несогласувањата во врска со вклучувањето доверливи материјали, меѓу нив и разговори меѓу Тони Блер и тогашниот американски претседател Џорџ Буш.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG