Достапни линкови

Обама и Путин се за поголема соработка во Сирија


Претседателите на САД и на Русија Барак Обама и Владимир Путин се согласија да ја интензивираат воената соработка меѓу двете земји во Сирија. Официјална Москва соопшти дека двајцата лидери во телефонски разговор кој го иницирал Путин побарал од Обама да помогне во одвојувањето на умерените опозициски бунтовници во Сирија од екстремистичките групи како Фронтот Ал Нусра кој е огранок на Ал Каеда. Белата куќа пак соопшти дека Обама ја нагласил важноста Русија да го зголеми притисокот врз сирискиот режим за подолготраен прекин на огнот. Сириската војска вчера прогласи 72 часовен прекин на огнот во целата земја, што се совпаѓа со крајот на Рамазанскиот пост.

XS
SM
MD
LG