Достапни линкови

САД воведоа санкции против лидерот на Северна Кореја


Соединетите Американски Држави за првпат го санкционираа севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, обвинувајќи го него и уште десет други политичари на високи позиции за кршење на човековите права.

Соопштението на американското Министерството за финансии е најнов обид да се заостри притисокот врз изолираниот режим, иако не е јасно каков ефект ќе имаат санкциите. До ова доаѓа откако американскиот Стејт департмент објави извештај со кој севернокорејскиот лидер се обвинува за вмешаност во противзаконски убиства, присилна работа и тортура.

САД и претходно воведувале санкции против други светски лидери, како против белорускиот Александар Лукашенко и сирискиот Башар ал Асад, но никогаш против лидерот на Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG