Достапни линкови

Советот НАТО-Русија за активностите на Москва во Источна Европа


НАТО соопшти дека ќе одржи нови разговори со Русија наредната недела, неколку дена по завршувањето на Самитот на Алијансата во Варшава, на кој главна тема за дискусија ќе бидат активностите на Москва во Источна Европа.

„Заедно со Русија одлучивме да одржиме состанок на Советот НАТО-Русија“, соопшти денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Тој рече дека средбата ќе се одржи на 13 јули во седиштето на НАТО во Брисел, по завршувањето на Самитот во Варшава кој се одржува на 8 и 9 јули. На состанокот ќе учествуваат амбасадорите на 28-те земји членки и на Русија.

Столтенберг рече дека Советот НАТО-Русија има важна улога како форум за дијалог и размена на информации за да се намалат тензиите и да се зголеми предвидливоста. Советот НАТО-Русија последен пат се состана во април годинава по пауза од речиси две години, но разговорите завршија со „длабоки несогласувања“ во однос на Украина и за други прашања. Односите меѓу Русија и НАТО го достигнаа најниското ниво од завршувањето на Студената војна поради руската анексија на Крим од Украина во 2014 година и поради нејзината улога во конфликтот во источна Украина.

XS
SM
MD
LG