Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ ќе го шминка екстерното


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ предлага измени според кои резултатите од екстерното тестирање за учениците во основните и средните училишта да не влегуваат во конечниот успех на ученикот. Измените на законот се во собраниска процедура. Но резултатите сепак ќе влијаат при упис на ученикот во средно, односно на факултет. Измените предвидуваат и естерното тестирање да почнува од 6-то наместо како досега од 4-то одделение.

Против екстерното протестираа и учениците и професорите и наставниците, но власта досега не се согласи тоа да биде повлечено и доработено како проект. Екстерното тестирање беше воведено во учебната 2012/2013 за да се провери објективноста на наставниците при вреднувањето на успехот на учениците. Но, оттогаш го следат бројни контроверзии.

XS
SM
MD
LG