Достапни линкови

Турски авиони за гарантирање безбедност на Самитот на НАТО


Турските воено воздухопловни сили ќе помогнат за гарантирање на безбедноста на средбата на врвот на НАТО во Варшава. Ваква одлука е прифатена од раководството на Алијансата. Се очекува од воено воздухопловната база во турскиот округ Коња кон Полска да полетаат четири авиони за рано предупредување и контрола.

Освен турските авиони, за безбедноста на форумот ќе гарантираат и британски и француски воени авиони.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе учествува на средбата во Варшава, која ќе се одржи на 8 и 9 јули.

XS
SM
MD
LG