Достапни линкови

СДСМ реагира на новиот притисок врз судската администрација


Насилничкиот однос кон судската администрација е исклучиво во одбрана на партизираното судство и интересите на врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да излезе во пресрет на оправданите барања на судската администрација власта се обидува да ги казни вработените со намалување на платите за дури 60 отсто, изјави портпаролот на СДСМ Петре шилегов, пред седиштето на партијата.

СДСМ се обврзува кога ќе дојде на власт да ги зголеми платите на судската администрација, а ќе воведе и флексибилно работно време што ќе започнува од 7:30 часот. Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов вели дека само независно, непристрасно и ефикасно судство може да создаде амбиент на почитување на човековите права и еднаквост на сите граѓани пред уставот, законите и институциите. Шилегов вели дека судството во Македонија мора и ќе биде независна трета власт.

XS
SM
MD
LG