Достапни линкови

Меси осуден на 21 месец затвор за даночна измама


Аргентинскиот фудбалер и ѕвезда на Барселона, Лионел Меси денеска е осуден на 21 месец затвор, за даночна измама, јавуваат шпанските медиуми. Осуден и неговиот татко, кој бил одговорен за финансиските работи, на прославениот фудбалер. Таткото е осуден за мамење на шпанските даночни власти.

Синот и таткото Меси беа обвинети дека со даночната измама што ја направиле во периодот меѓу 2007 и 2009 година, ја оштетиле шпанската држава за 4,1 милион евра прикриен и неплатен данок.

Лионел Меси се бранеше дека тој не знаел ништо за тоа како се водат и се уредени неговите финансиски состојби, препуштајќи му го тоа на татко му.

Шпанските правосудни закони предвидуваат казна помала од две години да може да се отслужи на условна слобода, што значи дека Меси нема да биде во затворска ќелија, но ќе мора да биде постојано надгледуван од специјален затворски службеник кој ќе види контрола за неговото вкупно однесување.

XS
SM
MD
LG