Достапни линкови

Русија - нападите во Истанбул можеа да се спречат


Нападите на меѓународниот аеродром во Истанбул можеа да се спречат доколку турските и европските безбедносни агенции ги послушаа предупредувањата на Москва дека осомничени за тероризам се кријат во Турција и во Европа, соопшти Кремљ. Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, денеска изјави Москва неколкупати ги предупредувала безбедносните служби на Tурција и своите европски колеги дека терористи си нашле засолниште во Турција и во голем број европски земји. Но на ваквите сигнали не им е дадено доволно внимание или воопшто не се реагираше, рече Пeсков. Во нападот на 28 јуни на аеродромот Aтатурк во Истанбул, загинаа 45 луѓе, а 200 беа повредени.

XS
SM
MD
LG