Достапни линкови

Британската влада избрзала со инвазијата на Ирак


Предвремена била одлуката на британската влада за инвазија на Ирак во 2003, пред да бидат исцрпени сите „мирољубиви мерки“. Тие влегле во војна врз основа на погрешни разузнавачки информации и несоодветно планирање на постапките, покажува истрагата „Чилкот“ од седумгодишната јавна расправа за околностите и „лекциите“ од инвазијата на Ирак.

Истрагата на случајот е именувана по поранешниот државен службеник Џон Чилкот, кој ја водеше истрагата. За време на истрагата се сослушани 150 луѓе и се анализирани 150 илјади документи.

Презентирајќи ги заклучоците денеска во Лондон, Чилкот рече дека Британија избрзала кога се приклучила на инвазијата на Ирак. Воената акција не била крајна мерка во тој случај, рече тој.

Со овој потег на британската влада бил поткопан и авторитетот на Советот за безбедност на ОН, затоа што потегот не доби поддршка од мнозинството во Советот. Во извештајот се фрла и сенка врз поранешниот британски премиер Тони Блер кој се приклучи на американската инвазија на Ирак за соборување на тогашниот лидер Садам Хусеин.

XS
SM
MD
LG