Достапни линкови

Се забрзуваат напорите за вакцина против зика


Единствената голема фармацевтска компанија која работи на вакцина против вирусот зика денеска соопшти дека ќе работат заедно со американската армија во напорите побргу да се стави крај на овој вирус. Овој вирус е поврзан со дефекти кај новороденчиња. Вирусот е проширен во Бразил и во други земји во Јужна и Централна Америка, а во Бразил следниот месец треба да почнат летните Олимписки игри. Фармацевтската куќа Санофи денеска соопшти дека се договориле за соработка и истражување со Воениот институт Волтер Рид во САД. И други помали компании работат на вакцина против зика.

XS
SM
MD
LG