Достапни линкови

Кери во посета на Грузија, па во Украина


Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Грузија, а потоа ќе ја посети и Украина, за да стави до знаење на земјите дека не се оставени надвор од трансатланската заедница. Претходно портпаролот на Кери рече дека тој за време на своето патување ќе и понуди поддршка на Грузија за нејзините евро-атлански аспирации и дека ќе се сретне со тамошните власти и со претставници на опозицијата. Утре пак ќе патува за Киев, каде се очекува да се разговара за ставање на крај на конфликтот во источниот дел на Украина. Кери е во посета на овие две земји пред Самитот на НАТО во Полска, каде руските акции во источна Европа ќе бидат главната тема за дискусија.

XS
SM
MD
LG