Достапни линкови

Претставничкиот дом на САД нема да гласа за контрола на оружјето


Пол Рајан

Претставничкиот дом на Конгресот на САД нема да гласа за предлогот на Демократската партија за поголема контрола на оружјето, навести спикерот Пол Рајан. Демократите пред две недели го опструираа парламентот со барање да се гласа за овој закон. Рајан смета дека планот на демократите за построга контрола на купувачите на оружје, односно забрана да им се продава оружје на осомничени за тероризам, не е во согласност со Уставот. „Победете на избори и добијте мнозинство, па тогаш ќе можете да ја одредувате програмата на Претставничкиот дом“, изјави Рајан.

XS
SM
MD
LG