Достапни линкови

logo-print

ФБИ - нема тужба за Хилари Клинтон за мејловите


Американското федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека нема да препорача подигање на кривични пријави против кандидатката на демократите за претседател на САД, Хилари Клинтон, затоа што употребувала приватна електронска пошта додека била Државен секретар на САД.

Нема доволно докази за подигање тужба, рече денеска директорот на ФБИ Џејмс Коми. Но утврдено е дека 110 мејлови содржале доверливи инфромации и тоа дека Клинтон и нејзините соработници биле „неверојатно невнимателни“.

Коми додаде и дека постои веројатност лица кои се непријателски насторени кон САД да имале пристап до електронската пошта на Клинтон. Клинтон беше сослушувана неколу часови од страна на службите на ФБИ, а по три дена е донесена одлуката.

XS
SM
MD
LG