Достапни линкови

ЕП го одложи гласањето за визите за Косово


Гласањето во Европскиот парламент за укинување на визниот режим за Косово е одложено од 12 јули за 5 септември, оти Косово не ги исполни сите услови, соопшти денеска известувачот на ЕП за визен режим Тања Фајон. Таа вели дека го одложила гласањето затоа што не се исполнети последните критериуми, особено ратификацијата на граничниот премин со Црна Гора. Таа се надева дека Косовскиот парламент ќе го ратификува договорот наскоро со што ќе се овозможи наесен да се гласа за укинување на визите.

XS
SM
MD
LG