Достапни линкови

Во источна Украина загинале тројца војници


Најмалку тројца украински војници се убиени, а 13 повредени во судирите во источниот дел на Украина, соопштија тамошните власти. Портпaролот на воените сили рече дека претрпеле загуби во последните 24 часа во различни делови на фронтот. Од 2014 во борбите меѓу владините сили и сепаратистите поддржани од Русија загинаа повеќе до 9.300 луѓе. Двете страни минатата година потпишаа мировен договор, но тој често се прекршува.

XS
SM
MD
LG