Достапни линкови

logo-print

Државјанство за сириските бегалците од корист за Турција


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска говореше за плановите за давање турско државјанство на некои од сириските бегалци, особено на оние кои имаат одредени квалификации, кои можат да бидат од корист за Турција. Ние би можеле да имаме корист од нивното знаење, рече Ердоган, откако се помоли во џамија во Истанбул.

Турскиот претседател претходно изјави дека Сиријците во Турција ќе можат да добијат турско државјанство. Тој посочи дека Министерството за внатрешни работи презело чекори во таа насока.

Околу 260 илјади од вкупно три милиони сириски бегалци во Турција живеат во кампови, изградени од турската држава, а останатите живеат на различни места, претежно во големите турски градови.

XS
SM
MD
LG