Достапни линкови

Оставка на министерот за внатрешни по нападот во Багдад


Ирачкиот министер за внатрешни работи си поднесе оставка по еден од најлошите бомбашки напади во Багдад по војната во 2003. Министерот Мохамед Габан денеска рече дека неговите обврски ќе ги преземе заменик министерот. Потегот доаѓа по бомбашкиоте напад на 3 јули кога загинаа најмалку 175 луѓе. Одговорноста на нападот ја презеде екстремистичката група Исламската држава која држи под своја контрола добар дел од северен и западен Ирак. По нападите властите прогласија тридневна жалост.

XS
SM
MD
LG