Достапни линкови

Нуланд во Приштина за демаркација на границата со Црна Гора


Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски работи Викторија Нуланд кон крајот на оваа недела ќе допатува на Косово.

Таа ќе се сретне со претставници на политичките партии во обид да помогне во решавање на прашањето за демаркација на границата со Црна Гора, а ќе разговара и за други прашања.

Освен за демаркацијата, Нуланд ќе побара од раководителите на институциите во земјата да ја зајакнат борбата против корупцијата, како и продолжување на дијалогот со Србија.

XS
SM
MD
LG