Достапни линкови

Русија се мачи да ја пополни буџетската дупка


Предлогот на руското Министерство за финансии предупредува дека еден од двата независни фонда во земјата целосно ќе биде испразнет наредната година, поради пополнување на буџетската дупка од десетици милиони долари, објави новинската агенција Ројтерс, која имала увид во предлогот. Фондот за руски резерви имаше 87 милијарди долари на почетокот на 2014 година, но според пресметките на Министерството за финансии целосно ќе се испразни во 2017 година. Во предлогот исто така се очекува една третина од другиот фонд, којшто треба да го покрива долгорочниот дефицит во пензискиот систем, исто така треба да биде искористена за буџетски цели во истиот период. Предлогот бил испратен до владата, но не бил одобрен, јавува Ројтерс. Руската економија е погодена од ниските цени на нафтата, а дополнително нарушена поради западните санкции воведени поради руската анексија на Крим во 2014 година и поради улогата во конфликтот во источна Украина. Контра-санкциите воведени против западните земји од страна на Москва уште толку ја изолираа руската економија. Буџетскиот дефицит во првата половина од годинава во Русија бил 4,3 проценти од БДП-то.

XS
SM
MD
LG