Достапни линкови

Израелски авион безбедно слета по закана од бомба


Нема бомба во израелскиот авион кој леташе од Њујорк до Тел Авив. Авионот се приземји во Тел Авив, а заканите за поставена бомба се покажаа како лажни. Израелските власти велат дека американските аеродромски служби добиле анонимна дојава дека во авионот има поставено бомба, па ги информирале швајцарските власти оти авионот влегол во нивен простор. Потоа два авиони на швајцарските сили го пресретнале авионот за да остварат контакти со пилотот и да го предупредат.

XS
SM
MD
LG