Достапни линкови

Австрија ќе избира претседател во октомври


Норберт Хофер, претседател на Партијата на слободата.

Норберт Хофер, претседател на Партијата на слободата.

Австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка изјави дека ќе предложи повторните претседателски избори да се закажат на 2 октомври. Планот на министерот треба да го одобри и австриската влада. Врховниот суд на 1 јули нареди изборите да се повторат поради нерегуларности со гласачките ливчиња. Гласачите треба да изберат меѓу поранешниот лидер на Зелената партија Александар Ван дер Белен кој на изборите во мај за еден процент го победи Норберт Хофер, претседател на Партијата на слободата. Ако победи Хофер, тој ќе стане прв екстремно десничарски претседател на една држава членка на ЕУ.

XS
SM
MD
LG