Достапни линкови

Конзервативците избираат наследник на Камерон


Членовите на владејачката Конзервативна партија во Британија го започнаа првото гласање за избор на претседател на партијата кој ќе го замени Дејвид Камерон на премиерското место. Има пет кандидати за наследник на Камерон. Следниот лидер ќе треба да ја води земјата низ преговорите за излез од ЕУ. Меѓу нив и две жени, министерката за внатрешни работи Тереса Меј и помладата министерка Андреа Лидсом. Изборите ќе траат неколку недели се додека не останат само два кандидати за кои подоцна пак ќе се гласа. Конзервативната партија има 150 илјади членови.

XS
SM
MD
LG