Достапни линкови

Во Иран спречени напади слични на оние во Париз


Иранската државна телевизија објави документирани наводи дека лицата уапсени во минатиот месец биле поврзани со милитантите на Исламската држава и оти сакале да изведат напади во Иран слични на оние во Париз. Телевизијата прикажа две лица кои велат дека биле регрутирани во Ирак и Сирија и оти планирале да извршат напади во Техеран и други ирански градови. За нападите тие требало да добијат милион долари. Пред две недели иранските власти уапсиле десетина луѓе при што конфискувале сто килограми експлозив.

XS
SM
MD
LG