Достапни линкови

logo-print

Самоубиствен напад во Медина, Саудиска Арабија


Самоубиствен напад бил извршен пред џамијата на пророкот Мухамед во Медина, едно од најсветите места на исламот. Тоа беше трет напад во Саудиска Арабија извршен за еден ден, јави саудиската телевизија Ал Арабија. Некои локални медиуми јавуваат дека бомбаш самоубиец го активирал појасот со експлозив во близина на зградата за обезбедување пред џамијата каде што е погребан пророкот Мухамед. На тоа место имало голем број верници во текот на молитвата на последниот ден од светиот месец Рамазан. Претходно бомбаш самоубиец извршил напад пред шиитска џамија на истокот на Саудиска Арабија. Вчера изутрина имаше напад и пред американскиот конзулат во Џеда. Никој не ја презеде одговорноста за нападите.

XS
SM
MD
LG