Достапни линкови

Димитирев - Членството во ЕУ на врв на владината агенда


Евроинтегрцијата останува на врвот на нашата агенда. Очекувам од самитот во Париз да произлезат конкретни договори кои ќе бидат во прилог на поддршка на евроинтеграцискиот процес за регионот што е во интерес и на Унијата, изјави премиерот Емил Димитриев кој ја предводи владината делегација на третиот самит за Западен Балкан чиј домаќин е францускиот претседаел Франсоа Оланд, јaви известувачот на МИА.

„Нашите аспирации ќе ги реафирмираме, но во котнекст на РМ, важно е да се каже дека долгоочекуваното отпочнување на процес на преговори за членство во ЕУ ќе има далекусежни позитивни резултати во РМ. Се она што имаме намера да го правиме на планот на реформи е во котнекст на преговорите за членство во ЕУ многу полесно можеме да го реализираме и на поквалитетен начин“, вели Димитриев.

А и решавањето на актуеланта политичка ситуација, според Димитриев, ако се стави во контекст на зачленување во ЕУ би можело да доведе до побрзо завршување на тие прпоцеси и на поквалитетна основа.

XS
SM
MD
LG