Достапни линкови

Британија не гарантира останување на граѓаните од ЕУ


Министерот за имиграција на Велика Британија Џејмс Броукеншир изјави дека не може да гарантираат останување на граѓаните од ЕУ во Британија после одлуката на земјата да ја напушти Унијата. Говорејќи пред Долниот дом на британскиот парламент, министерот рече дека граѓаните на ЕУ се добредојдени во Британија и нивното право на работа, школување и живот во таа земја ќе остане непроменето, но дека владата на може да им гарантира останување кога ќе завршат преговорите за излез од ЕУ. Таква гаранција не е возможна додека нема повратна гаранција од ЕУ дека Британците кои живеат на нејзина територија може да останат таму.

XS
SM
MD
LG